За Беличица

Селото Беличица се наоѓа во северо-западниот дел на Р.Македонија во близина на Гостивар.Во историјата на ова село никогаш нема да се заборави крвавиот масакар и палењето на селото за време на втората светска војна.Чистиот планински воздух како и природните убавини привлекуваат многу луѓе да го посетат ова планинско место,особено во летниот период.


МАСАКРОТ ВО БЕЛИЧИЦА

Во оваа книга, под наслов, Беличица во пламен, за големоалбанскиот масакр врз македонското село Беличица, читаме:

Штом видоа дека нема веќе отпор, како гладни хиени фашистите се устремија кон селото, кон селаните и загинатите борци.
Нивниот водач Аќиф Речани, искачен врз купот ѓубре што се наоѓаше среде Горното Маало, со кренати раце гласно извикуваше:
"Ска мал Беличица!" (Је нема повеќе Беличица!).
А потоа нечовештината почна да се покажува во својата вистинска лика.
Ги започнаа своите оргии врз мртвите и беспомошните.
Почнаа да ги палат селските куќи.
Загинатите партизани ги обезличуваа со камења и ножеви, им ги вадеа забите, ги претресуваа и им ги одземаа личните предмети, пукаа со огнено оружје во мртвите тела и им ја соблекуваа облеката за да ја однесат како "воен трофеј".
А со неколкутемина тешко ранети и неподвижни, што уште не беа подлегнати на смртоносните истрели, посебно се "пресметаа".

Во продолжение авторот ги опишува убиствата на неколкумина партизани
(меѓу кои бил и еден Албанец).
За убиството на партизанот Борче Кочовски, авторот пишува:

Борче Кочовски се обидоа да го одоброволат за да им каже некои важни информации.
На сите прашања молчеше, а потоа гласно им рече:
"Зарем не гледате, ене погледајте, ене го денот, блиску е кога на сите вам ќе ви суди народниот суд.
Пресудата веќе ви е изречена... Да живее слободна Македонија!"

Веднаш го застрелаа, а потоа со камења му ја обезличија главата.

Саво Тасевски, ранет, но се уште жив, го фрлија во огнот на една запалена куќа и уште пукаа врз него.
Сиот во пламен и со тешки изгоретини излезе од огнот, но по неколку часа почина.

Потоа разулавените балисти влегоа во куќите, безмилосно ги убиваа беспомошните жени и деца и ги палеа нивните домови.
Го почнаа она за кое дојдоа - да го уништат селото.

Една по една куќа вивнуваше во оган.
Беличица беше во пламен.
Со селото гореа и неговите жители.
Старата болна Лиска Јовановска балистите ја застрелаа в кревет. Четириесетиседумгодишната Ана Бибовска се обиде да побегне, но не успеа.
Ја вратија во нејзината куќа и тука ја убија заедно со Параскева Трајковска, а потем и двете ги фрлија во куќата што веднаш ја запалија.

Калина Јовановска, најубавата девојка во Беличица но истовремено многу храбар и активен комунист... загина со крената глава.
Анестија Богуческа и Наталија Богуческа, свекрва и снаа, долго им се спротивставуваа на балистите, заштитувајќи ги трите малолетни деца.
И двете загинаа една до друга.
Тоа им беше малку на балистите, па мртвото тело на Анестија дури го набија на колец.

Старата Сара Богуческа се обиде своите две внучки Ценија и Грозда Богучески да ги засолни во плевната.
Но и тука ги пронајдоа, ја запалија плевната и десетина балисти постојано пукаа, се додека плевната сосема не изгоре, а во неа Сара, Ценија и Грозда.

И Соломонија Јовановска ја снајде истата судбина - изгоре во запалена плевна.
Таа пред тоа неколкупати сета во изгоретини по снагата излегувала од огнот, но балистите пак ја фрлале во пламенот.
Мајката и синот Ленка и Тодор Ѓурчиновски, исто така ѕверски ги убија и ги фрлија да изгорат во огнот на запалената стара трошна куќа.
Во оваа трагедија од 42 куќи, 37 биле запалени.

Беличица